вторник, ноември 11, 2025
10.8 C
Skopje

Ембид стана деветтиот играч во историјата на НБА кој постигнал 70+ поени на еден натпревар

Центарот на Филаделфија, Џоел Ембид постигна 70 поени ноќеска на натпреварот од регуларниот дел од НБА лигата против Сан Антонио (133:123).

Дваесет и деветгодишниот Камерунец стана деветти играч во историјата на НБА со 70+ поени по натпревар. Рекордот му припаѓа на Вилт Чембрлен, кој постигнал 100 поени на еден натпревар во сезоната 1961/62.

Ембид оваа сезона одигра 32 натпревари, со просек од 36,1 поени и 11,5 скока.

Филаделфија се наоѓа на 3. место во Источната конференција на НБА-лигата со 29 победи и 13 порази.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови