Напаѓачот Жоао Феликс ја коментираше преселбата во „сините“ од Лондон.
– Челзи е еден од најголемите тимови во светот и се надевам дека ќе им помогнам да ги постигнат своите цели, па затоа сум многу, многу среќен што сум тука и многу возбуден што можам да играм на Стемфорд Бриџ“, рече Феликс.
Денес, лондонскиот клуб ја објави позајмицата на 23-годишниот напаѓач.
Во сезоната 2022/23, Португалецот постигна пет гола и направи три асистенции на 19 натпревари за Атлетико Мадрид.