четврток, мај 22, 2025
24.8 C
Skopje

За прв пат по 28 години – маратон во Охрид нема да има годинава

Традиционалниот охридски маратон кој се одржува секоја година, сепак годинава нема да биде одржан, причина за тоа е ситуацијата со коронавирусот.

Пливачката федерација на Македонија ја потврди веста дека нема да одржат маратон во водите на охридското езеро.

„Пливачката федерација на Северна Македонија како активен член во Светска пливачка федерација (ФИНА) и единствена надлежна за пливање и далечинско пливање во нашата држава, соопштува дека годинашните официјални интернационални пливачки маратони (Охридскиот на 25 и покусиот на 10 км.) од светската серија нема да се одржат поради пандемијата“, стои во соопштението од федерацијата.

Но од друга страна се најавува дека идната година, ќе бидат домаќини на два пливачки маратони, на 10 километри и 25 километри.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови