сабота, април 19, 2025
11.8 C
Skopje

Зидан загрижен: Стигнаа првите резултати за повредата на Азар

Еден Азар во мечот од петтото коло од групната фаза во Лигата на шампиони против ПСЖ не играше до крај и тоа поради повреда.

Белгиецот доби силен удар во ногата, па на средината на второто полувреме мораше да го напушти теренот, а на негово место влезе Герет Бејл.

Резултатите од првите тестови се добри затоа што не станува збор за посериозна повреда, а во текот на денот ќе има и подетални тестови.

Сепак, тренерот Зинедин Зидан е загрижен затоа што повредата доаѓа во погрешен момент за „кралевите“, кои играат во „Ел Класико“ на 18 декември, па не е сигурен настапот на Азар на мечот.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови