петок, декември 6, 2024
8.8 C
Skopje

Интер ќе чека одлука од обвинителите за „случајот“ Ачерби

Претставник на Интер во текот на вчерашниот ден се сретна со дефанзивецот на тимот Франческо Ачерби, напиша новинарот Даниеле Витиело на Твитер.

– На состанокот фудбалерот потврди дека немало расистички или дискриминаторски призвук во неговата конверзација со дефанзивецот на Наполи, Хуан Жесус. Клубот нема да дава никакви изјави и сега чека обвинителите да донесат одлука што ќе се случува во следните неколку дена, напиша Витиело.

Инцидентот се случи на 17 март за време на натпреварот од 29. коло од Серија А меѓу Интер и Наполи (1:1). Членот на Наполи, Хуан Жесус му се пожали на главниот судија на натпреварот за навреди од страна на италијанскиот репрезентативец.

По натпреварот Бразилецот ги информира новинарите за инцидентот и при тоа нагласил дека Ачерби се извинил.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови