четврток, декември 5, 2024
6.8 C
Skopje

Контроверзниот Де Лаурентис: Не сум веќе идиот да носам Африканци во Наполи

Контроверзниот сопственик на италијанскиот фудбалски клуб Наполи, Аурелио де Лаурентис, влезе на полето на расизмот со изјавата дека повеќе нема да носи африкански фудбалери во клубот и дека е будала што го правел тоа во минатото.

Секоја втора година африканските фудбалери отсуствуваат од тимовите за настап во Африканскиот куп на нации, а сезонава Наполи остана без помошта на Калиду Кулибали, Виктор Осимен и Андреа Замбо Ангиза во јануари и февруари.

– Им реков на агентите повеќе да не зборуваат со мене за Африканците. Ги сакам, но ако мислат дека ги потпишуваме, тогаш мора да потпишат документ дека нема да играат на Африканскиот куп на нации. Во други случаи, никогаш не се достапни да играат за клубот бидејќи ја имаат таа конкуренција, а потоа и квалификациите за Светското првенство – рече Де Лаурентис, а пренесуваат бројни италијански медиуми.

На истата тема продолжи претседателот на Наполи, а воедно на мета на бизнисменот и филмскиот продуцент се најде и УЕФА со нејзините натпреварувања.

 

– Ние сме идиотите кои ги плаќаме, а тие патуваат низ целиот свет за да играат за другите. Како идиоти, ние играме 50 натпревари по сезона. Петте најсилни земји треба да основаат своја лига, а доста има лажни натпреварувања како што се Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Лигата на конференциите. Мораме да создадеме натпреварување кое се игра секоја недела, а чии членови се клубови од петте најсилни лиги – вели Де Лаурентис.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови