Поранешниот фудбалер за врска на Севилја, Иско се најде во сферата на интерес на Лацио и Рома. Двата римски клуба се подготвени да го ангажираат 30-годишниот фудбалер, објави „La Gazzetta dello Sport“.
Претходно интерес за Иско имаше и од Салернитана, Вулверхемптон и Лос Анџелес галакси.
На 21 декември, Шпанецот претходно го раскина договорот со Севилја, иако во август се пресели во клубот.
Иско има 19 настапи за Севилја во сите натпреварувања, постигнувајќи едн гол и три асистенции.