Италијанскиот фудбалски прволигаш Лацио планира да го продаде играчот за врска Сергеј Милинковиќ – Савиќ, бидејќи клупското раководство смета оти српскиот репрезентативец не е целосно фокусиран на тимот, пренесуваат италијанските медиуми.
Милинковиќ – Савиќ има договор со римскиот прволигаш до јуни идната година, а претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, наводно, е подготвен да прифати понуда за неговите услуги која нема да биде под 100 милиони евра.
Според италијанските медиуми, најголем интерес за српскиот фудбалер покажува лондонски Арсенал.
Весникот „Кориере дело Спорт“, наведува дека претставници на Арсенал се во контакт со Матеја Кежман, кој е менаџер на Милинковиќ – Савиќ.
Српскиот репрезентативец од средниот ред е член на Лацио од 2015 година, а сезонава за римскиот прволигаш постигна пет голови на 22 натпревари.