Македонските ракометари убедливи против Црна Гора

0

Македонската репрезентација до 20 години со победа го започна настапот на Европското ракометно првенство 2024.

Денес во „СС Златорог Арена“ во Целје, Словенија, македонските ракометари славеа убедлива победа против селекција на Црна Гора со 31:21 во 1. коло А-група.

Во второто коло, утре во 12 часот, Македонија ќе се соочи со Хрватска. Во А-групата е и селекцијата на Австрија.

Европското првенство во Словенија ќе трае до 21 јули.