вторник, декември 3, 2024
5.8 C
Skopje

Макрон ќе пристигне во Катар да ја бодри Франција во полуфиналето на Светското првенство

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе пристигне во Катар за да присуствува на натпреварот меѓу француската и мароканската репрезентација, изјави француската министерка за спорт Амели Удеа-Кастера за радиото „Франс Инфо“.

– Деталите за патувањето се уште се разработуваат, но тој ја презеде оваа обврска и ќе ја исполни со задоволство, рече министерката.

Франција синоќа ја победи Англија со 2:1 во четвртфиналето на Светското првенство во 2022 година.

Во полуфиналето Франција ќе игра против Мароко. Средбата ќе се одржи в среда на 14 декември.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови