Мбапе: Евро е неуспех за нас, јас играв слабо

0

Килијан Мбапе го оцени како неуспешно за него и за Франција, Европското фудбалско првенство 2024.

„Триколорите“ го завршија настапот на турнирот синоќа губејќи од Шпанија во полуфиналето (1:2).

– Тие го одиграа натпреварот подобро од нас. Треба да ја преиспитаме играта. Брзо примивме два гола и не можевме да се вратиме кога имавме шанси да го сториме тоа во вториот дел. Одлучивме да играм без маска. Се изморив од маската и го прашав докторот дали можам да играм без неа, тој ми рече дека можам да правам како што ми одговара. Турнирот за нас е неуспех. Целта беше да го освоиме трофејот. Помина долга година и сакам да одам на одмор и да се опуштам. Играв слабо и си одиме дома – толку е едноставно. Навистина ми треба одмор. После ова ќе започнам нов живот, изјави напаѓачот на француската репрезентација и Реал Мадрид.

Вториот финалист на Евро 2024 ќе биде одреден по натпреварот Холандија – Англија кој ќе се одигра вечер од 21 часот во Дортмунд