четврток, октомври 3, 2024
23.8 C
Skopje

Мекларен постави нов рекорд во пит-стоп во Формула 1

Тимот на Мекларен постави Формула 1 рекорд за најбрз пит-стоп. Механичарите на Мекларен го сервисираа Ландо Норис на Големата награда на Катар за 1,8 секунди.

– Нов светски рекорд! Ова е доказ за неуморниот тренинг и напорната работа на нашиот одличен тим на механичари. Честитки тим! 🥇👏“, напиша извршниот директор на Мекларен, Зак Браун.

Претходно, најдоброто достигнување му припаѓаше на Ред Бул. На трката за Големата награда на Бразил во 2019 година, на Макс Верстапен му беа сменети тркалата за 1,82 секунди.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови