вторник, мај 20, 2025
22.7 C
Skopje

Меси за кариерата во ПСЖ: Секој ден бев незадоволен

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси зборуваше за „Епл ТВ“, еден од главните спонзори на Интер Мајами, за времето поминато во Пари Сен Жермен. Тој вели дека дел од неговата кариера не бил баш најпријатен. Како што рече, секој ден бил незадоволен.

– Тие две години не ми беа пријатни. Не бев среќен, бев незадоволен секој ден, од тренинзите, натпреварите. Имав потешкотии да се адаптирам на сето тоа – изјави Меси.

Неговиот партнер од тоа време Нејмар неодамна проговори за незадоволството на Аргентинецот во Париз.

Во таа изјава Бразилецот откри дека Килијан Мбапе бил малку љубоморен на Меси, но и на блиската врска која Бразилецот и Аргентинецот ја имале надвор од теренот.

Меси беше во ПСЖ од 2021 до 2023 година, приклучувајќи му се на францускиот клуб по 23 години во Барселона.

Среќен е во Мајами, го најде тоа што го бараше и уживаше во фудбалот, земјата, клубот…

– Доаѓањето во Мајами беше можност, особено откако работите не одеа добро во Париз. Тоа беше одлука (да се преселам во ПСЖ) што морав да ја донесам брзо затоа што морав да ја напуштам Барселона – рече Меси.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови