среда, мај 14, 2025
11 C
Skopje

Меси им држи лекции на своите соиграчи како на – мали деца! (ВИДЕО)

Љубителите на фудбалот се разочарани откако Ернесто Валверде реши да го поштеди Лионел Меси во мечот против Интер во шестото коло од групната фаза во Лигата на шампиони.

Најдобриот фудбалер во светот играше одлично против Мајорка, па постигна хет-трик, но Валверде реши да го одмори за мечот со Интер, кој зза Каталонците нема големо значење.

Но, сигурно на многумина им е жал што нема на сцената вечерва да го гледаат Меси и неговата магија. Барселона пред денешниот меч објави видео од тренингот и покажа што им прави Меси на своите соиграчи на тренинг.

Аргентинецот не ги штеди ниту неговите соиграчи, па ги посрамоти неколку пати.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови