Милан смени еден услов во договорот, Ибрахимовиќ се поблиску до кам-бек во „црвено-црниот“ дрес

6

И понатаму останува неизвесно каде Златан Ибрахимовиќ ќе ја продолжи својата кариера со тоа што по се изгледа Милан пак се враќа и може да се смета за фаворит за неговиот потпис.

Милан и Швеѓанецот имаа неуспешни преговори минатата недела, но според „Газета дело Спорт“ и „Кориере дела Сера“ клубот од Милано се одлучил да направи промена во понудата што дефинитивно пак ги враќа во игра за потписот на напаѓачот.

Имено Ибра добива шест месечен договор со опција за продолжување за уште една сезона со таа разлика што обновата на договорот нема да зависи од тоа дали Милан ќе обезбеди пласман во Европа во изминавата сезона како што беше во првата понуда поточно тоа исклучиво ќе зависи од настапите и гол статистиката на робусниот напаѓач.

Милан се надева дека во наредниве денови ќе добие позитивен одговор и ќе може веќе од 30 декември да го има Златан на располагање.

Наполи и Евертон исто се поврзуваа со искусниот голгетер со тоа што првите во моментов повеќе се загреани за таа опција, но премиерлигашот со новиот тренер Карло Анчелоти дефинитивни можат да бидат опасност за „црвено-црните“ од Милано.