недела, јануари 12, 2025
0.8 C
Skopje

Милевски по ждрепката за СП 2026: Групата носи надеж

Македонската фудбалска репрезентација денеска ги дозна противниците во групата за пласман на Светското првенство 2026 година во САД, Канада и Мексико.

Нашата селекција е во група со Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн.

Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски смета дека групата носи надеж за неговиот тим и доколку ја задржиме енергијата и позитивниот дух од последните натпревари од Лига на нации, може да се надеваме на добри резултати.

– Извлекувањето во Цирих ни носи надеж. Добивме група со репрезентации со кои може да играме и да се надеваме на добар пласман. Белгија е голем фаворит. Една од најсилните светски селекции и ќе биде големо изненадување доколку не успее да го освои првото место во оваа конкуренција. Велс е одлична репрезентација, тим кој игра динамичен и брз фудбал. Се разбира дека влегуваат со свои пресметки за конечниот пласман во групата, но убеден сум дека можеме да се спротивставиме на вистински начин. Казахстан и Лихтенштајн можеби немаат позитивни резултати во последните квалификациски циклуси, но секој нов почеток е нова надеж и за условно, помалите репрезентации во групата, вели Милевски, цитиран од сајтот на ФФМ.

Според него, важно е да се задржи истиот пристап како на последните натпревари од Лига на нации, силно мотивирани да се влезе во квалификациите и повторно Македонија да се бори за резултат кој може да ни донесе можност за евентуален пласман на големо натпреварување.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови