Македонскиот премиер Христијан Мицкоски на неговиот фејсбук профил им ја честите честита победата на ракометарите остварена над Катар со 39:34 попладнево на Светското првенство.
Честитки за победата! Македонските ракометари уште еднаш ја покажаа својата сила, упорност и сплотеност на теренот. Со вашата борбеност и срце оставено на терен, ја израдувавте целата нација.
Вие сте гордост на Македонија! Продолжете да нѐ правите сите горди! – напиша Мицкоски на Фејсбук.
Во моменталниот поредок, Македонија е на 3.место на табелата со четири бодови и со теоретски шанси за четвртфинале.