Мојсов: Можеме да поминеме неколку кола во Конференциската лига

0

Тренерот на Тиквеш, Ѓорѓи Мојсов верува дека неговиот тим има квалитет да остане неколку кола на европската сцена. Кавадарчани утревечер во Скопје ќе го пречекаат исландски Бреидаблик во 1. квалификациско коло во Лигата на Конференции.

– Се надевам дека ќе се гледаме ова лето уште неколку пати. Се подготвуваме за овој историски дуел за Тиквеш во Европа. Противникот добро го анализиравме и ако го испочитуваме тоа што се договаравме на тренинзите, тогаш можеме да поминеме во второто квалификациско коло. Ние како клуб и како град сме горди на тоа што градоначалникот Митко Јанчев стои зад нас. Имаме финансиска стабилност и на нас останува да се покажеме на теренот. Тиквеш го гледам во Европа, не само по пресметките со Бреидаблик, туку и по Дрита, изјави Мојсов.

Ќе биде задоволен од каква било победа, пред реваншот на гостински терен.

Натпреварот ќе се игра на Националната арена „Тодор Проески“ со почеток во 20 часот и 30 минути.