Селекторот на македонската репрезентација Игор Ангеловски се чини ги намести „коцките“ за првиот тим кој ќе стартува на денешниот натпревар против Грузија во 2. коло од Лигата на Ц на УЕФА Лигата на нации.
Сосема очекувано ќе има промени во националниот тим во однос на претходниот натпревар со Ерменија, но според очекувањата Македонија овој пат во нападот ќе биде со најдобриот наш фудбалер, Горан Пандев. Капитенот треба да стартува со Илија Несторовски во нападот, за поддршка ќе имаат од Аријан Адеми, Бобан Николов, Енис Барди, Езгијан Алиоски и Елиф Елмас во средниот ред.
Во дефанзивата, како централни дефанзивци, треба да бидат Висар Муслиу, Дарко Велковски и Стефан Ристовски доколку нема промени во последен момент поради проблемите со стомачниот вирус на кој се пожали во текот на вчерашниот ден.
Натпреварот меѓу Грузија и Македонија на националната арена „Динамо“ во Тбилиси се игра со почеток од 18 часот.