Кошаркарите на Мајами го надиграа Милвоки со 115:104 и поведоа со 1:0 во првиот натпревар од втората рунда на плеј-офот во Источната конференција во НБА лигата. Тимот го предводи Џими Батлер кој постигна плеј-оф рекорд на кариерата со 40 постигнати поени.
Иако Бакси имаа во еден момент од мечот и двоцифрена предност, „жешките“ направија пресврт и дојдоа до првата победа во полуфиналната серија.
И Горан Драгиќ имаше одлична партија од 27 поени (шест скока, пет асистенции), а на спротивната страна најефикасен беше Крис Мидлтон со 28 поени, четири помалку запиша Брук Лопез.
Оклахома успеа да израмни на 3:3 против Хјустон (104:100) во првата рунда од плеј-офот на Западот. Токму последниот седми дуел ќе решава кој во следната фаза ќе ги одмери силите против Лос Анџелес Лејкерс.
https://www.youtube.com/watch?v=R7rYe-47SR8&feature=emb_title
За „громовите“ синоќа доминираше Крис Пол со 28 поени (седум скока), а Данило Галинари реализираше 25 поени и пет скока. Џејмс Харден повторно беше најдобар на паркетот (32 поени, осум скока, седум асистенции), но недоволно да се спречи поразот на Блејзерси.