четврток, мај 22, 2025
24.8 C
Skopje

НБА: Минесота израмни

Кошаркарите на Минесота ја искористија повредата на Стефен Кари и го совладаа синоќа Голден Стејт со 117-93 на домашен терен со што го израмнија резултатот на 1-1 во полуфиналето од плејофот на Западната конференција во НБА лигата.

Без својот најдобар кошаркар Стеф Кари, Голден Стејт беше немоќен на гостувањето во Минеаполис. Домашниот тим го отвори натпреварот со серија од 13-0-, а Голден Стејт својот прв кош го постигна по речиси пет минути игра.

Минесота во продолжението целосно го контролираше резултатот, завршувајќи го натпреварот со 16 постигнати тројки.

Во победничкиот тим, Џулиус Рендл беше најефикасен со 24 поени и 11 асистенции, додека Ентони Едвардс постигна 20 поени. За гостите, Џонатан Каминга постигна 18 поени, а Трејс Џексон-Дејвис постигна 15 поени.

Голден Стејт ќе биде домаќин на третиот натпревар кој е на програмата ноќта меѓу сабота и недела.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови