петок, април 25, 2025
11.8 C
Skopje

Одбиено барањето на Ѓоковиќ за американска виза

 

Најдобриот светски тенисер, Србинот Новак Ѓоковиќ, нема да може да настапи на претстојните турнири во Индијан Велс и Мајами, откако неговото барање за влез во САД е одбиено, јавија денеска американските медиуми.

Ѓоковиќ мораше да достави соодветна документација и да поднесе барање за посебна дозвола за влез во САД бидејќи не е вакциниран против коронавирусот.

Американските медиуми јавија дека на Ѓоковиќ не му е одобрена американска виза, а тоа го потврди и сенаторот од Флорида, Рик Скот.

„Добивме информација дека е одбиено барањето на Ѓоковиќ за влез во нашата држава. Меѓутоа, веруваме дека оваа одлука сè уште може да се промени“, изјави сенаторот Скот.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови