Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен има намера да го напушти италијанскиот клуб во следниот летен преоден рок, пренесува новинарот на „Sportitalia“ Руди Галети.
Дваесет и петгодишниот фудбалер не е задоволен од состојбата во италијанскиот клуб и планира да се пресели во Челзи.
Претходно „La Gazzeta dello Spor“ објави дека наполитанскиот клуб сака да заработи 110-130 милиони евра за него.
Оваа сезона Нигериецот одигра 24 натпревари, на кои постигна 13 гола и четири асистенции. Договорот на фудбалерот со Наполи е до крајот на јуни 2026 година.
Порталот Трансфермаркт ја проценува вредноста на фудбалерот на 110 милиони евра