среда, мај 21, 2025
15.8 C
Skopje

ОФИЦИЈАЛНО: Барселона потпиша со наследникот на Фиго и Роналдо

Барселона успеа да договори ново засилување за наредната сезона и го стави потписот на договорот со Франсиско Тринкао.

Тринкао, кој има 20 години, настапува во нападот, а во редовите на каталонскиот тим ќе пристигне од Брага. Договорот со Барселона му стапува на сила од 1 јуни, 2020 година, а откупната клаузула ќе му изнесува 500 милиони евра.

Португалскиот фудбалер се смета за еден од најголемите „бисери“ во земјата, а се споредува со Луис Фиго и Кристијано Роналдо. За него Барселона ќе биде прв интернационален предизвик, затоа што досега играше само во Португалија.

Тринкао во сениорската кариера има 46 настапи за Брага, на кои даде шест гола, а на репрезентативен план последна станица му е У21-репрезентацијата.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови