Извршниот директор на Рома, Тијаго Пинто, реагираше на гласините дека селекторот Жозе Мурињо би можел да го напушти тимот.
Претходните неколку дена беше објавено дека португалскиот фудбалски стручњак би можел да ја преземе селекторската функција во португалската репрезентација.
– Неодамна, имаше многу шпекулации за одењето на Мурињо во португалската репрезентација. Сега очекуваме Жозе да остане во тимот. Нема сомнеж за тоа, го цитира Пинто новинарот Фабрицио Романо.
Португалецот ја презеде Рома во летото 2021 година. Заедно со тимот на Мурињо ја освои Конференциската лига 2021/22.
По 15 кола во Серија А, Рома се наоѓа на 7. место во поредокот со 27 бодови.