недела, декември 8, 2024
0.8 C
Skopje

Почина Синиша Михајловиќ

Поранешниот легендарен југословенски и српски репрезентативец и член на шампионската генерација на белградска Црвена ѕвезда, Синиша Михајловиќ, почина денеска на 54 – годишна возраст по долга борба со леукемијата, потврди неговото семејство.

-Уникатен човек, извонреден професионалец и добар со сите. Храбро се бореше против страшната болест. Им благодариме на лекарите и медицинските сестри, кои го придружуваа сите овие години со љубов и почитување. Синиша секогаш ќе биде со нас. Цел живот ќе ја носиме во себе љубовта која ни ја пружи, наведе семејството.

Михајловиќ од јули 2019 година се бореше со тешката болест. Еден период состојба му се подобри по што се врати на тренерскиот ангажман во италијанскиот прволигаш Болоња, но болеста повторно се врати.

Роден во Вуковар, Михајловиќ кариерата ја почна во Борово, по што настапуваше за Војводина, Црвена ѕвезда, Рома, Сампдорија, Лацио и Интер.

Со Црвена ѕвезда ја освои титулата европски првак во 1990 година како дел од генерацијата со Дарко Панчев и Илија Најдоски., а беше и шампион на Италија со Лацио и Интер. Со Лацио триумфираше во Купот на УЕФА и Суперкупот.

За репрезентацијата на Југославија одигра 63 натпревари и постигна десет голови.

Михајловиќ ќе остане запаметен како еден од најдобрите изведувачи на слободни удари. Заедно со Џузепе Сињори се единствените играчи во историјата на Серија А кои постигнале три голови на еден натпревар од слободни удари.

Синиша Михајловиќ го држи и рекордот, заедно со Андреа Пирло, според бројот на постигнати голови во Серија А од слободни удари (28).

Српскиот фудбалер во 2019 година беше прогласен за почесен граѓанин на Болоња.

Како тренер во два наврати ја предводеше Болоња, а седеше и на клупите на Катанија, Фиорентина, Сампдорија, Милан и Торино., како и на репрезентацијата на Србија.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови