вторник, април 29, 2025
5.8 C
Skopje

ПСЖ најверојатно со Мбапе во составот ќе го пречека Баерн

 

Напаѓачот Килијан Мбапе би требало да биде во составот на ПСЖ за денешниот прв осминафинален натпревар против минхенски Баерн во Лигата на шампиони, најави синоќа тренерот на францускиот првак Кристоф Галтие.

Само до пред неколку денови беше речиси извесно дека повредениот Мбапе нема да биде подготвен, но рехабилитацијата се одвивала многу побрзо од очекуваното и најверојатно францускиот репрезентативец ќе му биде на располагање на Галтие за дуелот кој е на програмата вечерва од 21 часот во Париз.

„Во неделата работеше индивидуално, а во понеделникот тренираше заедно со соиграчите. Изгледа добро, но за сè ќе одлучиме во последен момент“, најави Галтие.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови