Фудбалерите на германскиот првак Баерн се новите европски клупски шампиони, откако со 1:0 го победија ПСЖ во финалето од Лигата на шампиони синоќа во Лисабон.
Победничкиот гол за Баерн го постигна Кингсли Коман, кој е роден во Париз и почнал да тренира фудбал на осум години токму во ПСЖ. Коман ги помина сите младински селекции во парискиот клуб, стигна до првиот тим и по една сениорска сезона замина од клубот.
Не сакаше да го продолжи договорот и бесплатно замина од ПСЖ, клубот кој од доаѓањето на богатите Арапи за девет години потроши 1,2 милијарди евра за бројни засилувања.
Судбината одлучи токму Коман да им пресуди и да им врати со камата, а иронијата е уште поголема бидејќи клубот каде што следно замина, Јувентус, по три години го продаде на Баерн бидејќи Италијанците мислеа дека имаат подобри од него.
At 24 years and 71 days old, Kingsley Coman is the second-youngest player to be named Man of the Match in a Champions League final since the year 2000.
Only a 23-year-old Lionel Messi in 2011 can beat him. #UCLFinal pic.twitter.com/6SDxOLO5G8
— Squawka (@Squawka) August 23, 2020
Откако Коман дебитираше за ПСЖ, освои две титули првак на Франција со „парижаните“, три титули првак на Италија со Јувентус и пет последователни титули шампион на Германија со Баерн.
Откако во десетгодишната професионална кариера освои 10 титули на државен првак, синоќа се закити и со трофејот што му недостигаше – титулата првак на Европа.