четврток, декември 5, 2024
6.8 C
Skopje

Рекорден награден фонд на Австралија опен

 

Првиот календарски грен – слем турнир Австралија опен ќе им понуди на тенисерите рекордно висок награден фонд во износ од 76.5 милиони австралиски долари (48.5 милиони евра).

Организаторите на првиот од четирите сезонски грен – слем турнири, кој ќе стартува на 16 јануари, соопштија дека наградниот фонд на Австралија опен 2023 е зголемен за 3.4 отсто во однос на годинешното издание.

Победниците во машка и женска конкуренција ќе инкасираат по 1.886 милиони евра, а само пласманот во првото коло на тенисерите ќе им донесе заработка од 67.384 евра.

„На Австралија опен го зголемивме наградниот фонд за секое коло, особено за првото“, изјави директорот на Австралија опен, Грег Тили.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови