недела, јануари 12, 2025
0.8 C
Skopje

Рејндерс: Сè уште не сум потпишал нов договор со Милан, но блиску сум до такво нешто

Фудбалерот од средниот ред на Милан, Тијани Рејндерс го сподели своето мислење за можното продолжување на договорот.

– Подготвен сум да потпишам нов договор со Милан и пресреќен сум! Ова е огромен клуб и продолжувањето на договорот по само една сезона значи многу. Сè уште немам потпишано договор, но блиску сум до такво нешто, изјави Рејндерс за италијанските медиуми.

Оваа сезона 26-годишниот Холанѓанец одигра 17 натпревари, постигна шест гола и три асистенции. Неговиот актуелен договор е со важност до летото 2028 година.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови