Капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо, би можел да го пропушти денешниот натпревар против Јужна Кореја во рамки на последното коло во групата Г на Светското првенство во Катар, пренесуваат португалските медиуми.
Според истите извори, Роналдо вчера не тренирал со полн интензитет и постои можност селекторот Фернандо Сантош да го одмори на денешниот дуел.
Португалија веќе обезбеди пласман во осминафиналето, а во завршното коло влегува како лидер во групата Г со шест бодови, пред Гана (3), Јужна Кореја (1) и Уругвај (1).
Групата Г во осминафиналето вкрстува со групата Х во која на коло пред крајот води Бразил (6), пред Швајцарија (3), Србија (1), Камерун (1).