четврток, октомври 3, 2024
23.8 C
Skopje

Роналдо промаши пенал, но пак постави рекорд по вчерашната победа над Сампдорија Португалецот е како магнет за рекорди и титули.

Кристијано Роналдо продолжува да руши рекорди, а по синоќешната победа над Сампдорија од 2:0, Португалецот постави ново достигнување. Јувентус со трите бода по триумфот над Сампдорија, официјално ја потврди новата титула во Серија А. За Старата дама ова е деветта титула во низа, а втора за Роналдо во втората сезона како играч на гигантот од Торино.

Тоа што го прави Роналдо единствен во историјата на фудбалот е тоа што тој е првиот играч кој успеал да има повеќе од една титула во првенствата на Англија, Шпанија и Италија, според многумина, трите најсилни лиги во светот. Роналдо првата титула во Англија ја освои како играч на Манчестер јунајтед, а потоа уште двапати се радуваше со тимот од „Олд Трафорд“.

По трансферот во Реал Мадрид, Роналдо успеа двапати да биде и првак на Шпанија, а од синоќа во листата на трофеи му е запишан и вториот трофеј во италијанската Серија А.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови