четврток, мај 22, 2025
24.8 C
Skopje

Сака: Фудбалерите на Арсенал видоа што се случува на социјалните мрежи пред натпреварот со Реал

Фудбалерот на Арсенал, Букајо Сака се осврна на победата над Реал Мадрид синоќа со 2:1 во реванш натпреварот од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

– Видовме што се случуваше на социјалните мрежи. Сите велеа дека Реал ќе се врати… но ние можевме да го покажеме нашиот менталитет. Имаме со многу што да се гордееме, изјави Сака за „CBS“.

Арсенал се пласираше во полуфиналето каде ќе се соочи со Пари Сен-Жермен.

Првиот натпревар од полуфиналната пресметка ќе се игра во Лондон на 29 април, а реваншот во Париз на 6 мај.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови