Маурицио Сари е среќен поради освоеното Скудето, вели дека задачата била тешка иако можеби не изгледа така, не е лесно да се најде гладта кај тим кој претходно осум пати по ред станувал шампион.
Јувентус синоќа го завери деветтото Скудето по ред, прво под водство на Маурицио Сари.
„Чувството е посебно, се разбира. Тешко е да се освои, уште покомплицирано е да продолжите да освојувате, бидејќи дека нешто ви припаѓа вам пред да почне да играте е една од најголемите лаги во спортот“, вели Сари.
„Не беше лесно како прошетка во парк. Беше долго, тешко, стресно, тимот заслужува многу пофалби затоа што наоѓа глад и посветеност да освојува и покрај осум титули по ред“.
„Го напуштив теренот бидејќи се обидов да избегнам кофа вода врз мене, но очигледно е дека не успеав“.
Пауло Дибала кој е еден од клучните, вчерашниот натпревар го заврши уште во првото полувреме поради повреда.
„Треба да направиме некои тестови, но се чини дека е мускулен проблем“.
Јувентус стана првиот тим во најдобрите пет европски лиги кои девет пати по ред го освојува домашното првенство.
„Кристијано Роналдо и Дибала ја прават разликата на теренот, па заслужуваат големи честитки за тоа, но клубот зад нив е многу важен. Имаме претседател и директори кои се присутни на секој тренинг, и разменуваме идеи, гледаат дали ни треба нешто, тие се горивото на овој тим. Клубот има голем удел во таа голема серија на титули. Тие ти даваат поддршка дури и кога ќе загубите“.
„Во поглед на организацијата, Јувентус е еден од најдобрите тимови во европскиот фудбал. Не можев да побарам нешто повеќе. Јасно е дека ви е потребно време да се прилагодите“.
„Не можете само така да влетате во еден клуб кој осум пати по ред ја освојувал титулата и веднаш да почнете со промени. Тоа не е многу интелигентно“.
„Имаше тактички потешкотии, треба сите овие многу силни фудбалери и различни карактери да ги ставите да работат заедно. Тоа не е нешто кое ви е туку така дадено, пример Дибала и Роналдо не стартуваа многу често заедно минатата сезона. Тие се играчи од светската класа, но не е лесно да работат заедно со нивните карактеристики. Сепак со многу работа мислам дека успеавме да ги воиграме“.
„Кога влегов во соблекувалната им реков на фудбалерите ако освоите и со мене, кој никогаш не го освоил Скудетото тогаш мора да сте навистина добри“, Сари заврши со шега.