Јувентус си ги закомпликува работите околу одбрана на титулата во Серија А, откако синоќа беше поразен од Удинезен на нашиот Илија Нестороски со 2-1. Тренерот на „старата дама“, Маурицио Сари вели дека е невообичаено против голем тим каков што е Јувентус да бидат досудени 12 пенали.
„Против нас се судени 12 пенали, што е невообичаено за големите клубови. Општо има многу повеќе пенали и е рекорд на сите времиња. Дури и ако нашиот процент се зголемил и е поголем од некои други“, изјави Сари.
Јувентус на три кола до крајот на шампионатот има шест бода предност пред Аталанта, но загрижувачки е фактот што во последните пет кола тимот од Торино има само една победа.