Извршниот директор на калчолигашот Сасуоло Џовани Карневали изјави дека клубот не планира да го продаде напаѓачот Арман Лориенте на Тотенхем.
– Не добивме никакви официјални предлози за Арман минатото лето. Сега нема да разговараме или да влегуваме во преговори за какви било предлози за Лориенте, изјавил Карневали за италијанските медиуми.
Лориенте е во Сасуоло од август 2022 година и има осум гола и седум асистенции на 35 настапи за тимот.
Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на 24-годишниот Французин на 18 милиони евра.