сабота, декември 7, 2024
8.8 C
Skopje

СЕХА: Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер ги дознаа противниците во групната фаза

Извршниот одбор на регионалната ракометна СЕХА Гаспром лига донесе денеска одлука како ќе изгледа составот на натпреварување за сезоната 2022/23 во која ќе се натпреваруваат две македонски екипи, шампионот Вардар 1961 и вицепрвакот Еурофарм Пелистер.

Еурофарм Пелистер ќе игра во групата А заедно со Нексе и Војводина, додека Вардар е во групата Б заедно со Татран Прешов и Партизан.

Актуелниот освојувач на СЕХА лигата, Веспрем, и ППД Загреб ќе се вклучат директно во четвртфиналето.

Завршниот турнир ќе се одржи од 21 до 23 април идната година.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови