вторник, мај 13, 2025
17.1 C
Skopje

Синер го одбрани трофејот на Австралија Опен

Јаник Синер владее со светскиот тенис и ја одбрани титулата од Гренд слем турнирот во Мелбурн откако победи во меч против Александар Зверев со 3:0 (6:3, 7:6, 6:3).

За Италијанецот ова е трет трофеј од ,,големата четворка”.

Светскиот рекет број 1 докажа дека моментално е многу тешко да биде победен во финалиња на големите турнири.

Минатосезонскиот победник на Австралија Опен и УС Опен имаше голем ривал во Зверев, но деталите, па дури и среќата, одлучија во корист на Италијанецот.

Германецот играше добро во поголемиот дел од мечот, особено кога сервираше, но Синер моментално е најдоминантниот АТП играч во размена на удари, а тоа се покажа како непремостлива пречка за Зверев оваа недела пред распродадената публика во ,,Род Лејвер Арена”.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови