сабота, февруари 8, 2025
-0.2 C
Skopje

Словенија издоминира против Аргентина, Бразил подобар од Чиле

Oд 15:30 часот денеска на Светското првенство се одиграа уште два натпревари во кои победи забележаа селекциите Бразил и Словенија кои играа против Чиле и Аргентина.

Бразил влезе како фаворит во натпреварот против Чиле и во првото полувреме доминираа во најголем дел од времето, па така во еден момент водеа и со шест гола разлика (13:7).

Сепак, Чиле со една серија од 3:0 пред одморот успеа да намали на 10:13. Во второто полувреме Чилеанците не се откажуваа и стигнаа и до „минус 1“ (21:20), сепак Бразил тука како одново да „додаде гас“ и обезбеди победа од 28:24.

Доминантен натпревар одигра и Словенија против Аргентина. Тука ракометарите на фаворитот победата ја најавија по првите 30 минути во кои имаа водство од 15:8.

Во вториот дел Аргентина ниту еднаш не успеа резултатски посериозно да се доближи, па Словенија запиша триумф од 34:23.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови