Денешната информација дека годинава нема да се одржи традиционалниот Охридски маратон поради блокирана сметка на Националната пливачка федерација предизвика огромен револт во македонската не само спортска јавност.
Бизарното неодржување доаѓа на 60-годишнината од одржувањето на првиот вистински маратон во езерскиот бисер далечната 1962 година. Меѓу тие што жестоко реагираа беше и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.
„Општина Охрид беше целосно подготвена за техничката организација затоа што маратонот е голем промотор на нашиот град во светски рамки. Срамната одлука за неодружување на најголемата меѓународна спортска манифестација во Македонија доаѓа во годината кога се слави 60 години од првиот вистински маратон“, напиша Пецаков.