сабота, декември 14, 2024
-3.2 C
Skopje

Србљак избори пласман на главниот турнир на фјучрсот во Анталија

Со три победи во квалификациите, македонскиот тенисер Горазд Србљак избори пласман на главниот турнир на фјучурсот што за награден фонд од 15.000 долари се игра во Анталија.

Македонецот во денешеното „финале“ од квалификациите го совлада Аргентинецот Фернандо Каваљо со 2:0, по сетови 6:2 и 6:3, за еден час и 33 минути игра.

Србљак имаше целосна контрола над мечот и успеа да реалзира 5 од 13-те брејк шанси, за разлика од ривалот кој имаше една од три.

Во првото коло од главниот турнир противник на Србљак ќе му биде холандскиот тенисер Стијн Слумп (25 години, 813 место АТП), кој во денешниот меч од квалификациите беше убедлив против Јоан Александру Чирица од Романија со 2:0.

Мечот од првото коло на програмата е утре.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови