Тренерот на Милан, Стефано Пиоли немаше премногу пофални зборови за своите избраници по вчерашното реми 2:2, со тимот на Спал во кој миланезите се спасуваа од пораз во последните мигови. Домашните си постигнаа автогол, а Милан до тој момент на противничкиот гол шутна триесетина пати.
“Ова е чекор назад за нас, затоа што сакавме победничка серија. Спал рано дојде во водство, не шокираше, а откако остана со играч помалку ја преземавме иницијативата. Имвме многу можности но бевме нестрпливи пред противничкиот гол“ – вели Пиоли.
Милан во моментов е седми и има многу тежом распоред до крајот. Има мечеви против Јувентус, Лацио и Наполи, а сака да се искачи на табелата за да може да обезбеди излез во Европа.