Македонскиот ракометен вицешампион Еурофарм Работник ќе мора сезоната да ја доигра без своето прво решение на десната бековска позиција.
Одличниот бек Невен Стјепановиќ поради повреда на коленото предвреме ја заврши сезоната, а од денес започнува неговото заздравување. Босанскиот интернационалец се здоби со незгодна повреда на дуелот со Мешков Брест, по која настрадаа лигаментите од коленото, а денес во клиника во Австрија му беше извршена операција, по која го очекува долг процес на заздравување.
Стјепановиќ беше еден од најдобрите поединци на Еурофарм Работник во новата сезона, а иако Алушовски има три опции на неговата позиција (Велковски, Петровски и Радовиќ), и тоа како се чувствува отсуството на босанскиот „џин“.