сабота, декември 14, 2024
-3.2 C
Skopje

Тајсон ги започна подготовките за борбата со Џејк Пол

На почетокот на март беше објавено дека легендарниот Мајк Тајсон ќе се соочи со Џејк Пол на 20 јули во рингот на стадионот „АТТ и Т“ во Арлингтон, Тексас.

Борбата меѓу 27-годишниот Јутјубер и 57-годишниот поранешен светски шампион во бокс ќе се емитува на платформата „Нетфликс“.

Се уште не е јасно каква точно ќе биде регулативата и колку рунди ќе се борат двајцата.

Тајсон објави видео на тренинг со експертот Рафаел Кордеиро и напиша: „Прв ден е, забавата штотуку започна“.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови