среда, мај 21, 2025
15.8 C
Skopje

ФИА го осуди исвиркувањето на Верстапен и Хорнер на манифестацијата Ф1 75

Светската автомобилистичка федерација (ФИА) реагираше во врска со свирежите од присутните упатени кон возачот на Ред Бул, Макс Верстапен и тимскиот шеф Кристијан Хорнер на претставувањето на Формула 1.

Настанот се случи синоќа во „О2“ во Лондон.

Федерацијата соопшти дека е „разочарана од нецивилизираната“ реакција на навивачите.

– Верстапен и Хорнер имаат голем придонес во спортот што го сакаме. ФИА е посветена на заштита на интегритетот на спортот. Ние стоиме зад сите натпреварувачи, волонтери и навивачи. Ја повикуваме спортската заедница да ги земе предвид последиците од нивните постапки, стои во дел од соопштението на ФИА.

Таткото на Верстапен, Јос, изјави за холандските медиуми дека исвиркувањето е неприфатливо и дека неговиот син нема повеќе да присуствува на вакви настани во Англија.

Во О2 арена присуствуваа повеќе од 15 илјади гледачи кои најголема поддршка му дадоа на Луис Хамилтон.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови