Фудбалскиот репрезентативец на Мартиник, Жан-Мануал Недра (29) и неговата партнерка се уапсени на последниот ден од 2022 година на аеродромот „Шарл де Гол“ во Париз, откако при царинската контрола во нивниот багаж биле откриени повеќе од 100 килограми кокаин.
Фудбалерот во придружба на партнерката допатувале од Фор де Франс, а неговиот локален клуб Аиглон го потврди апсењето, изразувајќи шокираност.
– Без знаење за неговата вмешаност, дознавме дека еден од нашите играчи е уапсен поради шверц на дрога. Да бидеме посилни од кога и да е, обединети во нашата борба и едукацијата преку спортот за да се бориме против ова зло, соопшти клубот од Мартиник.
Уапсениот Недра за репрезентацијата на Мартиник досега има одиграни 20 натпревари.