Потенцијален проблем во таборот на каталонскиот фудбалски гигант Барселона пред завршниот турнир од Лигата на шампионите, кој ќе се игра во Лисабон Португалија.
Имено, еден фудбалер на Барселона е позитивен на корона, објави клубот од Ноу Камп.
Засега не е објавено името на заразениот фудбалер, но е истакнато дека тој нема никакви симптоми дека е со добро здравје и дека е во самоизолација во својот дом.
Завршницата од елитната Лига на шампионите во Португалија стартува вечерва од 21 часот со премиерното четвртфинале меѓу Аталанта и ПСЖ.
Шпанскиот гигант Барселона во петок во најинтересното четвртфинале ќе се сретне со германскиот шампион Баерн Минхен, утре за вториот полуфиналист ќе решаваат Лајпциг и Атлетико Мадрид. Последниот патник во големата четворка ќе биде познат по саботниот дуел Манчестер Сити – Лион.