недела, јануари 12, 2025
0.8 C
Skopje

Халанд: Имавме подобри времиња и ќе ги гледаме повторно

Фудбалерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд проговори за ситуацијата во која се најде клубот.

-Видовме подобри времиња и ќе ги видиме повторно. Продолжуваме да веруваме – напиша Халанд на социјалните мрежи.

На последните седум натпревари „Граѓаните“ немаат ниту една победа и шест пати беа поразени.

Избраниците на Пеп Гвардиола во неделата загубија (0:2) од Ливерпул во 13. коло од Премиер лигата.

Дваесет и четиригодишниот норвешки напаѓач во лошата серија учествуваше на шест меча и на нив постигна три гола.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови