сабота, декември 14, 2024
-0.2 C
Skopje

Халанд се повреди на тренинг на националниот тим, неизвесен за Арсенал

Машината за голови на Манчестер Сити и Норвешка, Ерлинг Халанд се повреди на тренинг на националниот тим, пренесе АС.

Дваесет и три годишниот фудбалер рано го заврши тренингот, откако замина со кривење од теренот, што значи дека Халанд може да ги пропушти мартовските пријателски натпревари на Норвешка против Чешка (22 март) и Словачка (26 март).

Под знак прашалник е и учеството на напаѓачот на натпреварот од 30. коло на англискиот шампионат против Арсенал, кој ќе се одигра на 31 март.

Оваа сезона Норвежанецот одигра 34 натпревари за Манчестер Сити во сите натпреварувања, постигнувајќи 29 гола и 6 асистенции. Во моментов „граѓаните“ го заземаат третото место во привремениот поредок на Премиер лигата со 63 бода.

Халанд игра за норвешката репрезентација од 2019 година. За својата земја има 27 гола на 29 натпревари

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови