вторник, април 29, 2025
7.8 C
Skopje

Челзи заинтересиран за Нејмар

Сопственикот на фудбалскиот клуб Челзи, Тод Боли, разговарал со челниците на францускиот шампион ПСЖ за евентуален трансфер на бразилскиот напаѓач Нејмар во редовите на лондонскиот клуб.

Ова денеска го пренесуваат англиските медиуми, напоменувајќи дека ПСЖ се подготвува за заминување на Нејмар и Аргентинецот Лионел Меси, поради нарушени односи во соблекувалната на клубот од Париз.

Нејмар, наводно, имал кавга со соиграчите пред да влезе во жесток вербален судир и со спортскиот директор Луис Кампос, по минатонеделниот првенствен пораз од Монако (1-3).

Нејмар е член на ПСЖ од 2017 година кога дојде од Барселона за 222 милиони евра.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови